Култура Концерт „Божик слава 2015“ на камерниот хор „Света Злата Мегленска“

Концерт „Божик слава 2015“ на камерниот хор „Света Злата Мегленска“

Хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва ќе го држи својот традиционален концерт по повод Христовото раѓање.

Концертот „Божик слава 2015“, во соработка со Македонската православна црква, ќе се одржи во 19.30 часот во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

Покрај Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, ќе настапат и децата „Херувими“ и Македонскиот византиски хор „Хармосини“.