Македонија Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 8 и на 9 мај во Куманово

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 8 и на 9 мај во Куманово

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го утврди точниот термин за редовниот партиски конгрес кој, според информациите, ќе се одржи на 8 и на 9 мај во Куманово, пренесе „Утрински весник“.

Во владејачката партија се почнати подготовките за конгресот, кои се одвиваат во сенка на зовриените политички случувања во земјава, кои ги исфрлија на површина и првите пукнатини во партиското јадро. Сепак, процените во партиски кругови се дека последните настани на домашната политичка сцена не ја доведуваат во прашање неприкосновената позиција во партијата на долгогодишниот лидер и премиер Никола Груевски.

Очекувањата се Груевски и на овој партиски конгрес да биде единствен кандидат за лидер, особено ако се имаат предвид внатрепартиските процедури, кои оставаат малку простор за фракционерски придвижувања во партиските тела, особено во ситуација кога партијата е долго време на власт.