Економија Конференција на тема „Енергетските предизвици во Македонија“

Конференција на тема „Енергетските предизвици во Македонија“

Денеска во Стопанска комора на Македонија, здружението на енергетиката при Стопанска комора на Македонија, организира прва промотивна конференција на тема „Енергетските предизвици во Република Македонија“, на која ќе се обрати министерот за економија, Беким Незири.

Целта на конференцијата е стопанските субјекти да се запознаат со предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор во Македонија.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на стопанството, надлежните министерства, како и на други институции и на организации од областа на енергетиката.