Култура Концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и С. Македонија

Концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и С. Македонија

На 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура.

Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера.

Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.