fbpx

„Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти

Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола

-

В четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола.

На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах (Двоен виолински концерт во d-moll), К. Дитерсдорф (Концерт за контрабас и оркестар бр. 2), С. Меркаданте (Концерт за флејта и оркестар бр. 2), К. Сен-Санс (Концерт за виолончело и оркестар бр.1), Д. Кабалевски (Концерт за виолина и оркестар во C-dur), К. М фон Вебер (Кончертино за кларинет и оркестар во Es-dur), Ф. Шуберт (Erlkönig), В.А. Моцарт (Концерт за пијано и оркестар во d-moll), Џ. Верди („Saper Vorreste“ – aрија на Оскар од операта „Бал под маски“) и Д. Шостакович (Концерт за пијано и оркестар бр. 2).

Ќе настапат учениците: Марија Џуклеска и Андреј Наумоски, виолини (проф. Милена Крстевска), Летиција Кондратенко, контрабас (проф. м-р Благој Маротов), Ана Матеска, флејта (проф. Александар Стефановски), Ева Малиновска, виолончело (проф. Маре Видевска), Виктор Србиноски, виолина (проф. Елица Рашкова), Александар Ристовски, кларинет (проф. Благојче Трајковски), Матеа Стојаноска, соло пеење (проф. Маја Митровска), Анастасија Петреска, пијано (проф. Татјана Божиновска), Анастасија Милеусниќ, соло пеење (проф. Александра Коцевска) и Џеврие Туле, пијано (проф. Весна Ангелова Христов).

„Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници“, велат од Македонска филхармонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...