Економија Компанијата „Онур ер“ ги разгледува условите за воведување линија Охрид – Истанбул

Компанијата „Онур ер“ ги разгледува условите за воведување линија Охрид – Истанбул

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од авиокомпанијата „Онур ер“.

На средбата се разговарало за можностите и за условите за воспоставување нова авиолинија на релација Охрид –Истанбул.

– Имав плодна средба со претставниците на авиокомпанијата „Онур ер“. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Македонија преку воспоставување нови линии – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

На средбата се отвори и прашањето за заголемување на капацитетите на искористеност на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.