Економија Компаниите од енергетскиот сектор до РКЕ ќе доставуваат податоци на месечно ниво

Компаниите од енергетскиот сектор до РКЕ ќе доставуваат податоци на месечно ниво

Фото: Влада

Компаниите од енергетскиот сектор, кои имаат лиценци издадени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ќе доставуваат податоци на месечно ниво до регулаторот, информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

– На овој начин ќе добиваме редовно податоци од компаниите што ќе користат за следење на активностите на сите компании што имаат лиценци и ќе ни овозможат веднаш да реагираме при воочување на какви било неправилности во однос на функционирањето на пазарите. Тоа значи дека какво било прекршување од страна на учесниците на пазарите, оваа веб-апликација ќе ни овозможи брза реакција со цел да оневозможиме антимонополско функционирање на овие лиценцирани компании – истакна Бислимовски на денешната прес-конференција.

РКЕ очекува и помош од Франција во делот мониторирањето на пазарите на електрична енергија и природен гас. Како што информира Бислимоски, изминатиот период е остварена посета на Француското регулаторно тело со кое е договорена понатамошна посета, а следната година се очекува нивни претставници да ја посетат нашата држава.