Македонија Собраниската комисијата достави предлог да им се одземат мандатите на пратениците од...

Собраниската комисијата достави предлог да им се одземат мандатите на пратениците од опозицијата

Комисија за мандатно-имунитетни и деловнички прашања во Собранието на Република Македонија донесе одлука, на Собранието да му предложи да им се одземат мандатите на пратениците од опозицијата поради тоа што не се појавиле на работа повеќе од шест месеци.

Овој предлог Комисијата треба да го достави до претседателот на Собранието, кој според Деловникот треба да го стави на гласање на следната седница.