Економија Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за предлог-буџетот за 2016 година.

Владата следната година планира да потроши 3,18 милијарди евра, што е 6 отсто повеќе отколку годинава. Вкупните приходи во буџетот за следната година се планирани на ниво од 176.804.000.000 денари, што е за 6 проценти повисоко од 2015 година.

Основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година на 3,2 проценти следната година.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18.984 милиони денари и ќе биде 3,2 проценти од БДП. Порастот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.

Зголемување на средствата за пензии, социјалната помош и капитални инвестиции, односно зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5 проценти и значително зголемување на капиталните инвестиции предвидува предлог-буџетот за следната година.