Македонија Кочан за „Труст“ на распит во СЈО

Кочан за „Труст“ на распит во СЈО

Бизнисменот Сеад Кочан денеска, во придружба на својот адвокат Никола Додевски се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство. Ниту бизнисменот, ниту неговиот адвокат не дадоа изјава за медиумите.

Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“,кој претходно даде гаранција од околу 900 милиони евра и му го предаде пасошот за да се брани од слобода.

Кочан по покренувањето на истрагата ја напушти земјата и речиси два месеци не беше достапен за органите на истрагата. Тој се врати во државата откако беше укината мерката притвор и повлечена потерницата издадена за него.