Свет Европа Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

Нафтогаз - Украина

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев.

Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија.

Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна дека украинските индустриски претпријатија за десет месеци годинава ја намалиле потрошувачката за 43 отсто во споредба со истиот период во 2013 година.

Жителите и буџетските организации ја задржале потрошувачката на минатогодишното ниво, додека дистрибутерите на енергенти ја намалиле потрошувачката на гас за 40 отсто.

Колупаљо потсети дека владата си постави задача во текот на тековната грејна сезона во Украина да ја намали потрошувачката на гас за 30 отсто, во споредба со грејната сезона 2013/2014.