Спорт Коби Брајант му се доближи на Мајкл Џордан според број на поени

Коби Брајант му се доближи на Мајкл Џордан според број на поени

Брајант влезе во листата топ 5 НБА-играчи со најмногу поени во кариерата

Коби Брајант стана четвртиот играч во историјата НБА-лигата кој постигнал повеќе од 32.000 поени во кариерата.

Брајант со 28 поени (10/18 од игра) во тек на втората победа на ЛА лејкерс во сезоната застана рамо до рамо со Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун и со Мајкл Џордан.

Коби до крајот на кариерата веројатно ќе напредува барем за уште едно место, што значи дека ќе го престигне човекот со кого го споредуваат цел живот, Џордан, кој има 32.292 поени во кариерата.