Спорт Коби Брајант го помина Џордан на листата најдобри стрелци во историјата

Коби Брајант го помина Џордан на листата најдобри стрелци во историјата

Коби Брајант, кошаркар на ЛА лејкерс, со синоќешниот меч, на кој погоди две слободни фрлања на пет минути пред крајот на втората четвртина во победата над Минесота од 100-94,  го помина Мајкл Џордан по бројот на постигнати поени во НБА-лигата и сега е на третото место на листата на најдобрите стрелци во историјата.

Сега тој има  32.310 поени, 18 повеќе од Џордан.

Пред Брајант се Карл Мелоун и Карум Абдул-Џабар.