Спорт Кливленд со трипл-дабл на Џемјс израмни во финалната серија на НБА

Кливленд со трипл-дабл на Џемјс израмни во финалната серија на НБА

Кошаркарите на Кливленд кавалирс синоќа го совладаа тимот на Голден Стеј вориорс со конечен резултат од 95 – 93 и израмнија на 1 – 1 во финалната серија во НБА-лигата.

Најзаслужен за победата на „кавалирс“ беше Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со трипл-дабл од 36 поени, 16 скока и од 11 асистенции.

Трагичар на мечот беше ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, кој во последниот напад ја загуби топката и не успеа на својот тим да му обезбеди нова победа.

Кари го заврши мечот со скромно, за него, постигнување од 19 поени, додека најдобар во тимот на „вориорс“ беше Клеј Томсон со 34 поени.