Македонија Клиниката за дигестивна хирургија ќе продолжи со операции од понеделник

Клиниката за дигестивна хирургија ќе продолжи со операции од понеделник

Од понеделник, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија ќе продолжи со редовна работа, соопштуваат оттаму.

Пред два дена од клиниката објавија дека ги затвораат операциските сали, по инцидентот во кој беше застрелан нивниот колега од незадоволен пациент, чија мајка по операцијата починала.

Лекарите бараат нови законски измени што ќе им гарантираат подобри услови за работа и повисоко ниво на безбедност.