Свет Европа Кличко повторно избран за градоначалник на Киев

Кличко повторно избран за градоначалник на Киев

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко, сојузник на прозападниот претседател на Украина, Петро Порошенко, повторно е избран за градоначалник на Киев.

Кличко доби 65,5 отсто од гласовите на локалните избори во неделата, наспроти 33,5 отсто гласови колку што освои неговиот ривал, Борисав Берез, поранешниот член на националистичкото паравоено движење Десен сектор.

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) која ги набљудувала локалните избори во Украина, одржани на 25 октомври и на 15 ноември, оценила дека изборите се во согласност со демократските норми.

ОЕБС, сепак, во извештајот кој бил претставен денеска, оценила дека комерцијалните интереси влијаеле на изборниот процес. Организацијата, исто така, ја критикувала и нееднаквоста на медиумската покриеност на изборите.