Uncategorized Кина се приклучува во војната против ИД

Кина се приклучува во војната против ИД

Кина исто така се приклучи во борбата против Исламска држава, и тоа со праќање свои воени советници, јавува „Раша тудеј“.

– Кинезите ќе пристигнат во следните недели – рече сирискиот воен претставник за либанскиот портал „Ал Масдар ал-Араби“.

Истите извори тврдат дека на пат кон Сирија е и кинески воен брод со десетици воени советници, кои, наводно, ќе бидат придружени и од борбени единици. Бродот, наводно, веќе го минал Суецкиот Канал и се приближува до Сирија преку Средоземно Море.