Свет Европа Киев: Закани со смрт за единствениот сведок на убиството на Немцов

Киев: Закани со смрт за единствениот сведок на убиството на Немцов

Ана Дурицкаја, единствениот сведок на убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов во Москва, добила закани со смрт поради што се вратила во родната Украина.

Обвинителството во Киев соопшти дека Дурицкаја добила полициска заштита.

Во соопштението не се прецизира од кого Дурицкаја добила закани.

Руската полиција неколку дена ја држеше во притвор манекенката Дурицкаја, каде беше испитувана, пред да ѝ биде дозволено да ја напушти земјата.