Свет Европа Киев: Во Украина се распоредени од 5.000 до 7.500 руски војници

Киев: Во Украина се распоредени од 5.000 до 7.500 руски војници

Русија распоредила меѓу 5.000 и 7.500 војници на украинска територија, не сметајќи го подрачјето на анектираниот полуостров Крим, соопшти украинскиот министер за одбрана.

Министерот Игор Долгов рече дека на Крим се стационирани 23.000 војници, вклучувајќи и 9.000 разместени долж административната граница меѓу Крим и остатокот на Украина.

Според него, околу 55.000 руски војници се стационирани во близина на украинската граница.

Москва негира какво било воено присуство во Украина, освен на Крим, кој е анектиран во 2014 година.

Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека воено, економски и политички ги поддржува сепаратистите на истокот на Украина.

На почетокот од месецов, Меѓународниот кривичен суд пресуди дека судирите во Источна Украина се „меѓународен вооружен судир“ меѓу Русија и Украина.

Според податоците на ОН, од почетокот на конфликтот во 2014 година загинале 9.600 лица.