Свет Европа Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

Неидентификувано лице фрли граната врз група пратеници на Врховната рада во центарот на Киев, соопшти денеска украинскaтa полицијата.

„Млад човек, чиј идентитет не е утврден, фрлил експлозивна направа врз пратениците“, се вели во соопштението на полицијата.

Нема повредени во нападот, а за време на потерата, напаѓачот, исто така, фрлил рачна граната и врз полицијата, притоа повредувајќи едно лице.

Во градот Харков, синоќа одекна силна експлозија во близина на продавница за мебел. Според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, продавницата е во сопственост на волонтер, кој им помагал на учесниците на специјалната операција спроведена во Донбас. Експлозијата во Харков ќе се оквалификува како терористички акт, напиша на својата фејсбук-страница Герашченко.