Свет Киднапираниот авганистански дипломат пуштен на слобода во Пакистан

Киднапираниот авганистански дипломат пуштен на слобода во Пакистан

Поранешниот гувернер на авганистанската повинција Херат е ослободен во Пакистан, две недели откако беше киднапиран.

Ослободувањето на Фазлулах Вахиди го потврди авганистански дипломат во Пешавар.

Киднапираниот Вахиди е во добра здравствена состојба и наскоро ќе се сретне со семејството. Тој исчезна во Исламабад на 12 февруари, а многу детали за случајот и понатаму се нејасни.

И самиот Вахиди вели дека не знае кои се неговите киднапери и какви им биле мотивите.