Македонија Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на...

Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Македонскиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН.

Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени.

На првото место сè уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор овојпат е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ, а на трето место е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек.

Керим падна за четири позиции од последното гласање на 9 септември, кога беше на четвртото место.