Свет Свет Кери ја критикуваше руската поддршка за Асад

Кери ја критикуваше руската поддршка за Асад

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека руската воената поддршка на силите на Башар ал Асад може да го зголеми ризикот за судири со коалицијата за борба против Исламска држава.

Кери, за италијанскиот весник „Стампа“, рече дека му порачал на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, оти САД се загрижени поради воената поддршка на Москва на Асад во сириската граѓанска војна, која влегува во петтата година.

– Ваквите акции би можеле да предизвикаат понатамошни ескалации на судирите и да доведат до губење на уште невини животи и до зголемување на бранот бегалци – рече Кери.