Свет Кери: Егзодусот на бегалците во Европа е глобален проблем

Кери: Егзодусот на бегалците во Европа е глобален проблем

САД сметаат дека егзодусот на бегалците од Блискиот Исток во Европа е глобален предизвик, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

– Тоа не е проблем на некој друг. Тоа е тест за сите нас – истакна Кери во Вашингтон на заедничката конференција за новинари со германскиот министер за надворешни работи, Франк Волтер Штанмајер.

САД сметаат дека бегалската криза е глобален проблем, рече Кари, наведувајќи дека ударот најпрво го почувствувале Јордан, Либан и Турција.

– Тие поднесоа неверојатен товар во овие четири години на војна – рече Кери.

Американскиот државен секретар нагласи дека приоритет е постигнувањето политичко решение во Сирија за да се запрат војната и приливот на бегалци.