Свет Свет Кери бара да се истражат воените злосторства на Русија во Сирија

Кери бара да се истражат воените злосторства на Русија во Сирија

Вашингтон ја заостри реториката кон Москва, откако американскиот државен секретар Џон Кери побара да се истражат воените злосторства извршени за време на руската антитерористичка операција во Сирија.

Американскиот државен секретар рече дека руските и сириските воздушни напади врз болници „молат за соодветна истрага за воени злосторства“.

Тој истакна дека нападите биле „далеку од случајни“ и ги обвини Москва и Дамаск дека преземаат „таргетирани стратегии… за тероризирање цивили“.

Кери, исто така, соопшти дека сириските сили во текот на ноќта нападнале уште во една болници, при што загинале 20 лица, а повредени се 100.