Македонија Ќе заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средба и со пратеничката група

Ќе заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средба и со пратеничката група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе има состаноци со пратеничката група, а попладневно ќе заседава и Извршниот Комитет на партијата.

Се очекува разгледување на договорот кој го постигнаа премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас како решение на долгогодишниот спор за името.

Според Мицкоски, таквиот договор е договор за капитулација и пораз за државата. Вчера Мицкоски изјави дека ќе почне процес на широки консултации и очекува изјаснување и на другите субјекти кои имаат општествена одговорност како МАНУ, МПЦ, ИВЗ, Универзитетите и професорите.