Македонија Ќе се вработат уште 30 деца без родителска грижа

Ќе се вработат уште 30 деца без родителска грижа

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, информираше дека е објавен нов оглас за вработување на 30 деца без родители и без родителска грижа преку програмата Д10 која трае до 4 март.

– Сите оние што се заинтересирани и што немаат редовно работно место, а биле деца без родители и без родителска грижа до 18 години и се во оваа категорија на лица, можат да аплицираат. Исто така, би сакал да истакнам дека оваа програма се реализира од 2013 година и замислата е системски да се реши проблемот за вработување на децата без родители и без родителска грижа. Досега се вработени 83 деца без родители и без родителска грижа, а во тек е постапка, кој е во завршна фаза, за вработување на 30 деца. Ова е новиот оглас кој е објавен и кој трае до 4 март. Сите што се заинтересирани, уште еднаш би сакал да ги поттикнам да аплицираат и да ја искористат оваа можност за да го регулираат сопствениот работен статус – рече Спасов.

Тој нагласи дека од 2013 година, со финализирање на овој оглас ќе се вработат 143 деца без родители и без родителска грижа во јавната и во државната администрација.