Здравје Ќе се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“

Ќе се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“

Наскоро ќе почне да се снима филм според хит-серијата „Чувари на плажата“. Двејн Џонсон, минатата година во октомври на „Инстаграм“, потврди дека ќе настапува во филмската верзија на популарната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век.

– Гласините се вистинити… Работиме на фимот „Чувари на плажата… – напиша тој тогаш.

„Вараети“, пак, вчера објави дека Сет Гордон преговора за режирање на филмот во кој Џонсон би требало да игра една од главните улоги, а ќе учествува и во продукцијата преку неговата компанија „Севан бакс продакшн“.