Економија Ќе се реконструираат пет регионални патишта, инвестицијата ќе чини 22 милиони евра

Ќе се реконструираат пет регионални патишта, инвестицијата ќе чини 22 милиони евра

Реконструкција на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, најави денеска премиерот Никола Груевски, при посетата на Ресен. Инвестицијата ќе чини 22 милиони евра.

Станува збор за патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино и Брвеница – Гостивар.