Македонија Ќе се отвори педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“

Ќе се отвори педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“

Педијатриски пункт во Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром ќе почне да работи на 9 јануари, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство, Никола Тодоров.

Пунктот ќе работи секој ден и ќе бидат ангажирани околу 70 лекари педијатри и 70 медицински сестри.

Според Тодоров, во текот на вечерните часови, како и за време на викендите, особено во недела, има поголем број пациенти педијатриски случаи на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.