Македонија Ќе се гради црква посветена на Василиј Велики, Григориј Богослов и на...

Ќе се гради црква посветена на Василиј Велики, Григориј Богослов и на Јован Златоуст во скопски Мичурин

До Меѓуградската автобуска станица во Скопје, во населбата Мичурин, денеска почна изградбата на нов храм посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Храмот е ивестиција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Камен-темелникот го освети поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.