Македонија Ќе се доделуваат стипендии „Борис Трајковски“

Ќе се доделуваат стипендии „Борис Трајковски“

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во Вила „Водно“, ќе се обрати на свеченоста по повод доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година. Стипендиите се доделуваат за студии од втор циклус на извршната програма за бизнис и администрација при „Сити-колеџ“ – Меѓународен факултет во состав на Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, од Солун, Република Грција.

Стипендиите „Борис Трајковски“ ги обезбедуваат Министерството за образование и наука на Република Македонија, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и „Сити-колеџ“ од Солун, а традиционално ги доделува Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.