Економија Казни за здодевни СМС-пораки

Казни за здодевни СМС-пораки

Во Велика Британија, телефонските повици и СМС-пораките од претпријатијата кон потрошувачите ќе се казнуваат парично.

Од британската влада соопштија дека потрошувачите кои се вознемирени со постојани телефонски повици и со СМС-пораки ќе бидат заштитени при промената на законодавството, кое ќе предвиди казна до 500.000 фунти или 680.000 евра за оние кои се занимаваат со оваа практика.