Македонија Казна од 500 евра за лицето што сакаше да го испрска Груевски...

Казна од 500 евра за лицето што сакаше да го испрска Груевски со спреј

Човекот што вчера сакаше со спреј да го испрска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на партискиот митинг во Центар, доби прекршочна пријава и казна од 500 евра.

„За време на одржување на собирот, во 21.55 часот во полициската станица Центар бил приведен Р.Р. (36) од Скопје, бидејќи прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 22.15 часот во истата полициска станица, Д.Г. (29) од село Орешани, кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице, односно дека бил испрскан од спреј-солзавец од страна на Р.Р“, се вели во соопштението на МВР.