Свет Картер: Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија

Картер: Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија

Американскиот министер за одбрана, Еш Картер, изјави дека Русија следи „изгубена стратегија“ во Сирија.

Картер во Мадрид рече дека Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија и дека се надева оти рускиот претседател, Владимир Путин, ќе одлучи да ѝ се спротистави на Исламска држава, наместо да ги продолжи нападите врз опозицијата на Башар ал Асад.

Русија на 30 септември почна воздушна кампања во Сирија. САД и неколку други земји, како и меѓународните набљудувачи, сметаат дека мета на нападите се бунтовничките групи за да се стабилизира владата на Асад.

Еш Картер ја почна петдневната посета на Европа за да ги придобие членките на ЕУ за кампања против милитантите во Сирија и во Ирак.