Македонија Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом, го поделија бесплатниот весник.

„Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од малите плати ги трошат на големите сметки за струја. Луѓето што излегуваа од здравствениот дом се жалеа на условите што им ги нуди здравствениот систем, како и на неможноста да земат лекови на рецепти на крајот од месецот“, велат од граѓанската акција.

Жолто-црниот камион на граѓанската акција кружеше низ населбата Драчево, а активистите преку мегафон порачаа „Бараме вработување без партиска книшка“, „Бараме плата за да се живее, а не да се преживее“, „Бараме здравствен систем кој лечи, а не мој термин кој пречи“.