Култура Канческа-Милевска во посета на реновираните објекти во Гостивар

Канческа-Милевска во посета на реновираните објекти во Гостивар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети објектите што се наоѓаат во ценатралното градско јадро во Гостивар, врз кои во изминатиот период беа извршени санации и конзервации на покривни конструкции и на фасади, со што им е вратен автентичниот изглед.

– Заштитата на културно-историските споменици е меѓу приоритетите на Министерството и нашата основна заложба е вакви проекти да се реализираат во сите делови на Македонија. Особено сум благодарна на сесрдната помош на семејството Чако, кое се вклучи во обвновата со сопствени средства – рече Канческа-Милевска.