Македонија Канческа-Милевска на распит во СЈО

Канческа-Милевска на распит во СЈО

Денеска, точно напладне, во Специјалното јавно обвинителство дојде министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Официјално, не се знае за кои случаи министерката ќе дава исказ во СЈО, но се шпекулира дека станува збор за проектот „Скопје 2014“. За овој случај, претходно во СЈО даваше исказ градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на распит беше и поранешниот министер за култура, Арифхикмет Џемаили.

Не се знае ниту во кое својство е повикана Канческа-Милевска, како сведок или како осомничена.

Претходно претпладнево, од зградата на СЈО излезе и бизнисменот Орце Камчев, кој ги избегна новинарите и набрзина замина.