Свет Свет Канада се повлекува од борбата против ИД

Канада се повлекува од борбата против ИД

Идниот канадски премиер Џастин Трудо, чија либерална партија ги порази конзервативците на парламентарните избори, му соопштил на претседателот на САД, Барак Обама, дека Канада ќе се повлече од борбените мисии против Исламска држава.

Трудо соопштил дека Канада ќе продолжи да испорачува хуманитарна помош и обука за локалните сили.

Белата куќа претходно соопшти дека се надева оти новата канадска влада ќе продолжи да ги поддржува напорите на коалицијата под водство на САД во борбата против милитантите на ИД во Сирија и во Ирак.

– Тој ги сфаќа ветувањата што ги дадов во врска со ставање крај на борбената мисија – им соопшти Трудо на новинарите по разговорот со Обама.