Свет Канада ќе го разгледува продолжувањето на мисијата против ИД

Канада ќе го разгледува продолжувањето на мисијата против ИД

Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска ќе расправа за плановите на неговата влада за продолжување и за проширување на воената мисија против милитантнта група Исламска држава на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Харпер и Столтенберг денеска ќе се сретнат во Отава, соопшти висок претставник на канадската влада.

Канада има 69 припадници на специјалните сили што се борат на страна на курдските борци во северниот дел на Ирак. Канадската воена мисија, која исто така вклучува и шест борбени авиони „ЦФ-18“ сместени во Кувајт, би требало да истече во април. Канадската војска не е ангажирана во Сирија, но Харпер вели дека и тој ангажман би можел да биде разгледан.