Македонија Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“

Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“

Во Паркот на франкофонијата денеска се одржува манифестацијата „Деца на планетата Земја“, која е дел националната кампања против ксенофобија.

„Деца на планетата Земја“ е граѓанска акција на Фондација „Отворено општество“ – Македонија, која порачува дека сите имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно.

Во рамки на манифестацијата, која почнува во 11.30 часот и ќе трае до 19 часот, ќе се одржат изложби, проекции на филмови, работилници за изработка на маици и на постери, а ќе биде отворен и пункт за донации кои се наменети за бегалците на пограничниот премин во Гевгелија. Собраните донации ќе бидат предадени во текот на утрешниот ден.

 

Организаторите порачуваат дека на бегалците во кампот им се потребни чинии, лажици, вилушки и стаклени чаши за кујните во камповите, како и играчки, разни едукативни боенки, блокчиња, боички, фломастери, школски прибор и слично, кои децата ќе ги коритстат во занималните во кампот.