Македонија Камион се запали на патот кон граничниот премин Ќафасан

Камион се запали на патот кон граничниот премин Ќафасан

Патот кон граниќниот премин Ќафасан

Камион кој превезувал отпадно железо, утринава се запали на патот кој води кон граничниот премин Ќафасан.

Како што соопшти командирот на Територијалната протипожарна единица во Струга, Минир Мамуди, пожарот предизвикал материјална штета, но нема човечки жртви.

Засега не се знаат причините за опожарувањето на камионот со гостиварски регистарски табли.