Забава Кака се разведува?!

Кака се разведува?!

Неофицијално се тврди дека девојката со која Кака ја изнверил сопругата е „Мис Бразил 2013“

Фудбалерот Рикардо Кака и неговата сопруга Каролина Селико се пред развод, тврдат бразилските медиуми. Тие се во брак девет години.

Како што пишуваат медиумите, Каролина решила да покрене тужба за развод на бракот поради наводно неверство на бразилската фудбалска ѕвезда.

Неофицијално се тврди дека девојката со која Кака ја изнверил сопругата е носителката на титулата „мис на Бразил 2013“, Жакелин де Оливеира.

Кака, кој важи за многу побожен, се запозна со Каролина во 2001 година и тие се венчаа четири години подоцна. Рикардо и Каролона имаат две деца – петгодишниот Лука и тригодишната Изабела.