Култура „Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на фестивал во Тирана, четврта за...

„Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на фестивал во Тирана, четврта за еден месец

Тоа е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА  во Херцег Нови, а Манчевски доби Специјална награда на i-fest во Калабрија, Италија

Фото: Милчо Манчевски

„Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана. Тоа е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА  во Херцег Нови, а Манчевски доби Специјална награда на i-fest во Калабрија, Италија.

Во октомври следува премиерата на „Кајмак“ и во Амстердам, а филмот продолжува и со фестивалскиот живот низ светот. Филмот е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, а ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио. Фестивалската турнеја продолжи во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн.