Економија Југоистокот со најголем удел во додадената бруто-вредност во земјоделството

Југоистокот со најголем удел во додадената бруто-вредност во земјоделството

Во креирањето на додадената бруто-вредност во земјоделството во Македонија, најголемо учество има југоисточниот регион со 29,8 проценти, потоа пелагонискиот регион со 19,8 проценти, додека најмало учество има југозападниот регион со 3,7 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во создавањето на вредноста на растителното производство, најголемо учество има југоисточниот регион со 34,8 проценти, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има полошкиот регион со 20 проценти.