Македонија „Југохром“ ќе нè труе уште две години

„Југохром“ ќе нè труе уште две години

Nga shoqata civile "Eko Guerila" janë të zhgënjyer nga Qeveria për shkak të vazhdimit të afatit të Jugohromit për vendosjen e filtrave

„Југохром“ доби нов рок од две години и ќе продолжи да работи без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола. „Макстил“ соопшти дека донеле одлука за прекин на производството во погонот „Челичарница“ сè додека не ја инсталираат опремата.
Партијата на зелените ДОМ е разочарана од одлуката на Владата да му дозволи на „Југохром“ да работи без да ги воведе потребните филтри и да ги почитува еколошките стандарди. Оттаму го повикуваат Јавното обвинителство на Тетово да ја земе во обработка кривичната пријава што ја поднесле летово против „Југохром“, поради непочитување на Законот за заштита на животната средина.

„Не веруваме дека менаџментот на„ Југохром“ воопшто има намера да набави еколошка опрема и се плашиме дека само сака да „купи време“, да го собере профитот без дополнителни инвестиции во опрема и по две години да си замине, оставајќи ги работниците без работа, а Тетовчани без здравје“, се вели во соопштението од ДОМ.

Рокот кој тогаш требаше да го запазат скопски „Макстил“ и тетовски „Југохром“ истекуваше на 1 април минататa година, но и двата загадувачи добија нови рокови кои истекуваа на 31 октомври.
Во соопштението ДОМ потсетува и на проблемот со „РЕК Битола“, кој не беше врзан со рокот од 1 април 2014, но тоа не значи дека му е дозволено да загадува и да го разболува градот и околината.