Култура Јубилејното 10. издание на „Битфест“ со близу 200 културни настани

Јубилејното 10. издание на „Битфест“ со близу 200 културни настани

Битолскиот камерен оркестар со филмска музика ќе го отвори годинашното 10. издание на „Битфест 2015 година“.

Свеченото отворање на јубилејното издание на битолското културно лето ќе биде в сабота, во Пациото на Завод и музеј Битола.

Ова лето битолчани ќе може да посетат повеќе од 200 културни настани во наредните шеесетина дена.

– Концептот на „Битфест“ е таков што еднакво ќе им се даде шанса пред граѓаните на Битола да се претстават и искусни уметници и алтернативни и независни творци – рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески, на денешната прес-конференција.

Годинава во Битола свои концерти ќе имаат Калиопи, групата „Фолтин“, Владимир Четкар, како и уметници од повеќе земји од светот.

Според анализите на Општина Битола, во изминатите девет години на „Битфест“ се реализирани повеќе од 2.000 културни настани со преку 30.000 учесници.

А.Б.