Македонија Јовановски: СЈО се вмеша во локалните избори за да му помогне на...

Јовановски: СЈО се вмеша во локалните избори за да му помогне на исплашениот Заев

СЈО имаше задача да конструира неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев, а сега доби нова улога – да му помогне на исплашениот Заев, изјави денеска Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на СЈО.

– СЈО успеа да конструира политички обвиненија и преку притисоци врз судот издејствува неосновани одлуки да се одземаат пасоши само на функционери на ВМРО. Сега СЈО доби нова улога – да му помогне на исплашениот Заев. Треба да се вмешаат во претстојните локални избори. Тоа го прават на два начина. Преку поведување постапка против двајца членови на ДИК треба да испратат порака и да ги заплашат и другите. Преку обвинение против пет судии за донесена пресуда, треба да ги изолираат нив, но и да ги заплашат другите судии од Управниот суд дека Катица Јанева и Заев се семоќни. Во оваа игра се вклучи и судскиот совет, кој потклекна на притисоците и без никаков аргумент им го одзеде имунитетот на судиите само затоа што суделе по закон и според сопственото судско убедување – вели Јовановски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела.