Македонија Јован Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Јован Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

„Поднесувам оставка на функцијата директор на ТИРЗ, мандатот ми истекува во декември, но веќе имаме нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски на денешниот брифинг.

Фото: ТИРЗ (март 2024)

Јован Деспотовски денеска поднел оставка од функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Тој за оваа своја одлука информираше на брифинг со новинарите. Иако неговиот мандат истекуваше во декември, оставката ја оправда со „новата политичка реалност“.

„Поднесувам оставка на функцијата директор на ТИРЗ, мандатот ми истекува во декември, но веќе имаме нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски на денешниот брифинг.

Оставката следува два дена по спроведувањето на внатрепартиските избори во СДСМ, на кои за нов лидер на партијата беше избран Венко Филипче. Деспотовски беше еден од кандидатите.