Свет Балкан Јосиповиќ и Грабар-Китаровиќ во втор круг за претседател на Хрватска

Јосиповиќ и Грабар-Китаровиќ во втор круг за претседател на Хрватска

Актуелниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, и поранешната шефица на хрватската дипломатија, Колинда Грабар-Китаровиќ, влегоа во вториот круг од претседателските избори, откако не успеаја да обезбедат повеќе од 50 отсто од гласовите.

Како што јавуваат хрватските медиуми, Јосиповиќ освоил 38,5 отсто од гласовите, а Грабар-Китаровиќ освои 37 отсто. Останатите двајца кандидати, Милан Којунџиќ од Сојузот за Хрватска и Иван Велибор Синчиќ од Жив Ѕид, освоиле далеку помалку гласови.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 11 јануари.